Вести Македонија Топ вести

Тунтев: Нема повреда врз безбедноста на воздушниот простор, но има пропусти во системот за обезбедување на контролата за летови

Не постои никакво нарушување или загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, ни изјави директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев. Вели дека не постои никаков пријавен настан, инцидент, или сериозен инцидент, не дај Боже несреќа, од било кој член на воздухоплониот персонал во врска со одвивањето на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Во контролата на летање работат искусни и стручни професионалци, што многу добро си ги знаат своите обврски и должности за да го одржат нашето небо безбедно. А целта на надзорот практично беше ние да дојдеме до сите неопходни сознанија и да видиме во кој дел, ако има, имало пропусти што треба да се отстранат, да се анулираат за да не доаѓа до вакви настани во иднина, рече тунтев.

Тунтев не сакаше да шпекулира дали овој настан имал врска со огласите за вработување или со реализацијата на примањата, и посочи дека оставките не се во надлежност на АЦВ.

Тоа е кадровска политика на МНав, и не е во надлежност на АЦВ. Инаку, обуките на сите што се примени се предмет на надзор, на континуиран надзор врз обуката на кандидатите, врз сертифицирањето на кандидатите и од тој апсект во овој момент МНав била предмет на континуиран надзор од страна на АЦВ. Значи, оставките на работни места не се предмет на интерес на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Тоа дека ако некој инструктор даде оставка, дека нема повеќе да врши обука врз кандидатите и ако добиеме официјална информација за тоа, тогаш ние постапуваме. Инаку, оставка од работно место тоа си е во рамките на самата институција. Евидентно е дека има пропусти во системот за физичко обезбедување за контролата за пристапот и околу тоа по завршувањето на процедурата околу записниците ќе бидат доставени во М-НАВ. План за колективни мерки соодветни санкции, лоцирање на одговорноста и санкции кон одговорните лица, рече тунтев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе