Македонија Топ вести

Пронајдени двајцата Гевгеличани кои се изгубија на планината Кожув

Спасувачите ги пронајдоа вечерва двајцата Гевгеличани на возраст од околу 70 години кои се изгубија на планината Кожув. Тие се во добра здравствена состојба и во тек е нивното враќање дома.

Претходно, како што објави  Телма, синот на едно од исчезнатите лица се јавил во полицијата и потврдил дека неговиот татко утринава со уште еден пријател заминале на планинска прошетка на Кожув.

Последниот контакт со својот татко го остварил попладнево околу 17 часот, кога тој му се јавил на мобилниот телефон и му кажал дека се изгубени во реонот на месноста Круша.

Оттогаш неговиот татко не бил достапен на мобилниот телефон а се претпоставува дека најверојатно се испразнила батеријата или пак тој се наоѓал на терен кој не е мрежно покриен.

Во успешната акција за пронаѓање на лицата биле ангажирани припадници на полицијата, шумската полиција но и ловџии кои најдобро го познаваат теренот на кој се загубиле двете возрасни лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе