Македонија

Спасувачи трагаат по двајца Гевгеличани изгубени на планината Кожув

Двајца Гевгеличани на возраст од околу 70 години изгубени се денеска на планината Кожув и во тек е потрага за нивно пронаѓање и згрижување.

Според информаците на Телма, синот на едно од исчезнатите лица се јавил во полицијата и потврдил дека неговиот татко утринава со уште еден пријател заминале на планинска прошетка на Кожув.

Последниот контакт со својот татко тој го остварил попладнево околу 17 часот, кога тој му се јавил на мобилниот телефон и му кажал дека се изгубени во реонот на месноста Круша.

Оттогаш неговиот татко не е достапен на мобилниот телефон а се претпоставува дека најверојатно се испразнила батеријата или пак тој се наоѓа во терен кој не е мрежно покриен.

Во акцијата за пронаѓање на лицата веќе се ангажирани припадници на полицијата, шумската полиција но и ловџии кои најдобро го познаваат теренот на кој се претпоставува дека се наоѓаат двајцата гевеличани

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Матурант пронајден починат во нива – трагедија во Струмица

Дејан Дејан

Политичка или бизнис позадина – изгореа три автомобили во Битола

Дејан Дејан

Флакрон Беџети си поднесе оставка на функцијата заменик министер за земјоделство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе