Македонија Топ вести

Прилепските тутунопроизводители на протест во центарот на градот

Прилепските тутунопроизводителите денеска на пладне со механизација и низи тутун   излегоа на предупредувачки протест  во центарот на Прилеп,   незадоволни од ниските откупни цени на стартот  од откупот. Бараат цената за килограм тутун  да не е под 200 денари, а државата  да најде  механизами да ги заштити тутунарите.

-Да се плати според тоа што вреди, но,  не пониска цена од 200 денари, тутнот ни вреди. Да се откупи целокпуниот тутун не само по договоите. Има луѓе произвеле 1000 килограм има договор за 800. Тие 200 каде да ги носат? Одбитоците да се максимум 5 проценти и да не се цени тутунот со 5 лисја во пакетот. Да се гледа вкупната маса на тутун во пакетот, вели  Игор Мирчевски, од Иницијативен одбор на македонски тутунопризводители.

Од вкупно 10 компании, откупот го започнаа 4, а досега се откупени 250 тони тутун, од 23 илјади тони за колку што се склучени договри. Родот се откупува од 120 до 140 денари за килограм

-Не се плaќа и не се цени реално тутунот. Не може да е со лош квалитет кога знаеме дека немаше врнежи за да биде расипан тутунот. Не се цени реално, со неколку ливчиња ја ценат целата кутија, вели Николче Петровски, тутунпроизводтел од приелепско

Тутнопроизводителите бараат поддршка  од Сојузот на земјоделски здруженија и велат дека   вчера задоцнето реагирале.

-Кога ги скулучувавме догoворитe  ни беа намалени количните на тутун. Тогаш требаше  здружението  да алaрмира и да застане зад нас, но не се јави. Еве сега откупот 15 дена е почанат, а здружението никаде го немаше, чекаше овој иницијативен одбор да застане зад народот и тогаш здружението да се јави и да не поддржи,  вели Тони Ангелески, тутнопроизводител.

Од Сојузот на земјоделски здруженија вчера  рекоа  дека ќе ги блокираат откупните пунктови доколку компаниите продолжат со ниските откупни цени. Од Минсистерството најавија засилени инспекциски контроли на откупните пунктови, а  пак тутунопроизводителите највуваат масовни протести низ цела држава, доколку не се исполнат нивните барања.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Матурант пронајден починат во нива – трагедија во Струмица

Дејан Дејан

Актобатка загина во циркус во Магнитогорск додека ја изведувала точката „Велосипед на смртта“

Дејан Дејан

Политичка или бизнис позадина – изгореа три автомобили во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе