Останато Спорт

Шифрин во Линц стигна до 92.победа во кариерата

Микаела Шифрин дојде до победата на велеслаомската трка во Линц во рамки на Светскиот куп во алпско скијање. За Американката ова беше вкупно 92 победа во кариерата, а 22-ра во велеслалом.

Шифрин беше најрза во двете возења во австрискиот ски центар, а до триумфот стигна со вкупно време од 2:05,98 минути. Второто место го освои Федерика Брињоне од Италија, која задоцни 38 стотинки зад Американката, а трета беше Сара Хектор од Шведска.

Во велеслалом, Брињоне го презема врвот од Лара Гут-Бехрами, со 400 бодови, а Швајцарката сега има 365 на втората позиција. Шифрин е лидер во генералниот пласман со 800 бодови, Брињоне е втора со 637.

Утре во Линц на програмата е слаломската трка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе