Без дебата, Собранието експресно ги донесе законите кои се однесуваат на четвртиот сет антикризни мерки. Со нив ранливите категории ќе добијат помош од по 6000 денари, а финансиска подршка ќе има и за лозарите. Опозицијата даде зелено светло и најави дека нема да прави блокада на ниту еден закон кој е од интерес на граѓаните.
Владејачкото мнозинство обезбеди 62 пратеника а опозицијата кворум за работа во Парламентот. Сите пратеници дадоа подршка на законите кои се дел од 4 сет мерки за ублажување на последиците од Ковид 19. Граѓаните со ниски примања,самохраните родители, децата без родители, филмските работници и уметници ќе добијат помош од државата од по 6000 денари кои ќе треба да ги потрошат најдоцна до 25 декември. Откако законот ќе стапи на сила потребно ќе биде да се утврди листата на корисници и даватели на македонски производи и услуги.За разлика од минатиот пакет мерки овојпат нема да се издаваат платежни картички туку средствата ќе се исплаќаат на трансакциска сметка.
Финансиска подршка е предвидена и за лозарите преку субвенции.Иако опозицијата имаше забелешки на висината на сумата која се издојува како помош сепак тие гласаа за законот.
ВМРО ДПМНЕ најави дека секогаш ќе подржува зкаони кои се од интерес за граѓаните но не и за оние за кои нема дијалог и консензус, анализа , јавна дебата и усогласување со опозицијата.
Jулијана Пешевска