Лекот Трикафта конечно пристигна во македонското здравство.
Седуммина пациенти со цистична фиброза од вкупно 55 ставени на листа за чекање, од понеделник можат да почнат да го примаат лекот „трикфта“. Постепено на терапија ќе бидат вклучени и останатите од листата. Возрасната граница за почеток на терапијата, директорката на Детската клиника, Стојка Нацева-Фуштиќ вели дека е 12 години, но дозволени се исклучоци доколку се утврди потреба од лекот и кај помлади од 12 години.













