Вести Македонија Најважни

МПЦ со апел до верниците да не се собираат за куќните слави, туку да донираат

И свештениците во Македонската православна црква не се имуни на ковид 19, па веќе некое време Синодот не заседава токму поради ова. Дел од членовите веќе биле и во самоизолација, а загриженоста е поголема поради тоа што голем дел од нив се повозрасни. Дел од оние, пак кои се на терен или служат по храмовите веќе го прележале вирусот, а во јавност излегоа и неколку случаи на свештеници кои ја загубија битката со Ковид 19. Најмладиот беше од  Битола на 39 години.

Скопската епархија веќе има и сопствени препораки за однесувањето на свештениците кои одат по гробиштата, но и на домашните слави кои деновиве се прославуваат да носат и маски и заштитна опрема за да се заштитат и сами и верниците. За славите во домовите самата црква сега им порачува на верниците да го опоменат свештеникот кој не носи маска на себе, но од друга страна и верниците да ги почитуваат мерките. Да се само неколкумина кои живеат во домот и да не си одат по гости.

Дел од јавноста остро реагираше кога црквата за време на велигеднските празници не се откажа од причеста со една иста лажичка. Сега од МПЦ велат дека за престојните божикни празници ке се почитуваат сите мерки во храмовите кои се пропишани од државата.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ и Велика Британија го направија првиот чекор во ресетирање на односите по Брегзит

Дејан Дејан

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Дејан Дејан

Кој калкулира, а кој менува страна – најави за средби и разговори неделава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе