Ковид19 Македонија Топ вести

Дури утре ќе се проверува дали е соодветна локацијата за кислороден резервоар на приватниот ковид центар

Договорено со стисната рака, но се уште го нема на хартија, додека во ноемврискиот силен бран нема нов Ковид центар. Владата треба да побара, а ЦУК да потпише договор со приватните клиники, предвидува законот за управување со кризи. Но се уште администрацијата го турка договореното меѓу Филипче и приватните болници од пред десет дена, иако од министерството за здравство велат дека се надеваат што поскоро да биде отворена болницата за да може да прима пациенти.

Со оглед на тоа што ваква кризна состојба првпат се случува во нашата држава и ние за првпат во Министерството за здравство ги разгледуваме правните аспекти на правење договори со приватните здравствени установи за ваков тип на соработка, нашите тимови од Министерството за здравство и приватните болници се во интензивна комуникација секојдневно во изминатиот период за да точно ја утврдиме правната форма на соработка, велат од МЗ

Резервоарот со кислород кој треба да се постави до старата Систина за да има кислоород за зарзените од Ковид 19 сега излегува дека е најголем проблем. Општинските служби како и надлежни безбедносни претставници дури утре ќе проверуваат дали локацијата е соодветно безбедна за тој дел од Скопје.

Договорено е претставници од министерство за здравство, од МВР и од фирмата Технички гасови, утре да се излезе на терен за да се провери дали локацијата воопшто е погодна за да се постави кислородна станица. Станицата треба да се наоѓа на законски определено безбедно растојание од улици, објекти за домување и училишта и тоа треба да се провери утре, велат од општина карпош.

Правилникот за безбедно складирање на садови под притисок со кислород е регулирано со правилници кои се донесени уште во СФР Југославија. Таму се предвидени безбедни растојанија, а од општина Карпош велат дека за проектот со нов Ковид центар првпат слушнале од медиумите и не биле консултирани за договорот. Приватните болници пак уште вчера објавија дека донеле опрема и го средиле затворениот Ибис стајл хотел, односно поранешна Гинекологија Мала Богородица, а се чека државата да заврши и да се понудат договори со Фондот за здарвствено осигурување и да се договорат лекарски смени. .

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе