Македонија

Пиротехничарите пронајдоа вкупно 12.000 гранати од Првата светска војна

Со последните 800 артилериски гранати пронајдени денеска во близина на стадионот во Битола, завршува акцијата за отстранување на овие неексплодирани убиствени средства, која почна пред еден месец. Утрово беше затворен патот кој ја поврзува новата населба во Касарната со периферијата на градот, затоа што пиротехничарите со багер ги отстрануваа гранатите  под коловозот. Но, со утврдување на крајната граница на овие екслозивни средства, се избегнаа најлошото сценарио за уривање на овој дел од патот под Тумбе Кафе.

Најголем дел од работата со вадењето на гранатите е завршена, со тоа што останува во текот на утрешниот ден да се изврши уште едно пребарување на земјата со детектори. Извадивме 11.500 гранати. Можно е да има уште во земјата што ја ископуваше багерот, така да проценките се дека има речиси 12 000 гранати, вели Димче Јошевски, од ДЗС-Битола.

Станува збор за неексплодирани артилериските гранати со калибар од 75 мм заостанати од Првата светска војна, а се претпоставува дека е напуштена позиција на некоја од завојуваните страни.

Ова  досега не се случило, ниту кај нас во Битола, ниту во Македонија. Повозрасните пиротехничари кажуваат дека ваков арсенал, вака на едно место, не бил пронајден ниту на Балканот, вели Јошевски.

Неексплодираните артилериски гранати времено се складираат во магацин во поранешната Касарна во Битола,  а во текот на овој месец ќе се транспортираат на воениот полигон Криволак, каде ќе се уништуваат во голема акција која ќе трае повеќе месеци.

Емилија Мисирлиевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе