Вести Македонија Топ вести

Избори на 8 мај

Нема договор за уставни измени, Изборниот законик ќе се менува само во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а изборите ќе бидат споени. Ова е епилогот од денешната лидерска средба, што се одржа во Собранието.

Ковачевски информираше дека на синоќешниот состанок на Извршниот одбор на партијата е одлучено да ја почнат постапката за кандидат за претседател, а е договорено и да се формира предизборен широк Европски фронт.Опозицискиот лидер го повтори ставот дека сега нема услови за уставни измени, но измените на Изборниот законик ќе бидат донесени и покрај тоа што има забелешки  дека се носат шест месеци пред избори.

Мицкоски е загрижен што не се пополнува испразнетото место во ДИК, за кое смета дека и припаѓа на албанската опозиција. А токму поради ова прашање и Европскиот сојуз за промени денеска ја напуштија лидерската средба, обвинувајќи го собранискиот претседател дека подготвува изборен фалсификат.

Во следните неколку дена се очекува да бидат донесени измените во изборниот законик, а техничка влада ќе биде формирана веќе на 28 јануари.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе