Останато Спорт

Крафт останува перфектен сезонава во ски-скокови

Штефан Крафт ја продолжи победничката серија во Светскиот куп во ски-скокови. Австриецот денеска повторно славеше во Лилехамер, Норвешка, па стигна до перфектни четири победи од четири натпреварувања на стартот од сезоната.

Крафт денеска во двата скока освои вкупно 318,2 поени, а оствари скокови од 134 и 141,5 метри на големата скокалница во Лилехамер. Второто место, исто како и вчера на нормалната скокалница, го освои Андреас Велингер од Германија со 5,9 бодови помалку од победникот , а трет беше Јан Херл од Австрија.
Крафт очекувано е лидер во генералниот поредок со максимални 400 бодови, Велингер е втор со 270, додека на третата позиција е Пиус Пашке со 206 бодови.

Натпреварувачите, следниот викенд се селат во Германија, каде има два натпревари во Клингентал.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе