Вести Македонија Најважни

Има размена на мислења со Бугарија, потврдија од Владата за Телма

Постои размена на мислења за усогласување на заеднички акциски план или патоказ за спроведување на  Договорот за добрососедство со Бугарија, потврдија од Владата за Телма. На десетина дена пред Советот на министрите на ЕУ, на кој повторно треба да биде ставено на дневен ред  прашањето за официјален почеток на преговорите со Европската унија, Македонија и Бугарија се обидуваат да ги испеглаат несогласувањата. Целта на разговорите, кои се интензивирани викендов, е да се врати довербата во Договорот за добрососедство, особено зајакнување на неговата ефикасност и функционалност, велат од Владата.

Во оваа насока е и размената на мислење за усогласување на заеднички акциски план, или патоказ, прифатлив за двете страни, чија улога би било прецизно да може да се следи имплементацијата на обврските од самиот Договор.

Новиот патоказ за  Договорот со Бугарија го најави и министерот за надворешни, Бујар Османи. Со овој дополнителен документ или патоказ би се контролирало почитувањето на Договорот, во кој нема утврдено временска рамка, што е дел од барањата на бугарската страна.

Предлогот за утврдување на патоказ дојде од официјална Софија, а бугарската министерка за надворешни работи Захариева рече дека Бугарија ќе бара тој да стане дел од Преговарачката рамка. Но Османи смета дека тоа не треба да биде формален дел од преговарачката рамка, бидејќи на тој начин процесот непотребно би се поместил. Дополнително и Брисел веќе се изјасни дека билатерланите спорови не смеат да влезат во Преговарачката рамка. Нејасно е што мисли Османи кога вели дека патоказот би бил дел од ЕУ-процесот.

Засега преговорите со Софија се на ниво на работни групи на министерсвтрата за надворешни работи. Премиерот Заев изјави дека засега нема договорено средба со својот бугарски колега Борисов.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Крвава матурска ноќ во Сараево: Навивачи со палки и факели нападнаа матуранти

Дејан Дејан

(ФОТО) Австрискиот победник на Евровизија, Џеј Џеј, пречекан со овации во Виена

Дејан Дејан

Мелони: Средбата со Вeнс и фон дер Лајен може да биде „нов почеток“ во односите меѓу САД и ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе