Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека на Договорот со Бугарија може да му се додаде и патоказ со кој ќе се следи неговото спроведување и за тоа се преговара со Софија.
“Договорот има предвидено механизми како да се контролира, но ако констатираме дека еве Договорот не испорачува доверба, можеме да додадеме додатни механизми за следење на процесот, без да се прејудицира исходот на тие дебати и разговори. Па, и во форма на патоказ, меѓутоа сметаме дека тоа не треба да биде дел од преговарачката рамка, затоа што ќе го помести процесот непотребно“, изјави Османи во интервју за емисијата 360.
Предлогот за патоказ дојде од Софија, а од Владата за Телма потврдија дека има размена на мислења за усогласување на заеднички акциски план или патоказ. Но експертите се категорично против. Еве го ставот на Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европски политики.