Ковид19 Македонија Најважни

Македонија предничи во црните статистики сметаат универзитетски професори – Филипче не планира нови мерки

Со математички анализи и пресметки доловена епидемиолошката слика во земјава е далеку поцрна од тоа што имаме претстава – тврди универзитетскиот професор Дејан Трајковски. Потпирајќи се на бројки извадени од официјалната светска датабаза за Ковид-19, професорот на социјалните мрежи пишува – Македонија е помеѓу најлошите земји според црните статистики. Дијаграмот којшто професорот на Техничкиот факултет при Битолскиот универзитет го има ре-објавено на својот фејсбук профил, се отсликани моменталните седумдневни просеци на дневниот број на починати на милион жители од 13-те земји со најголем кумулативен број на починати од почетокот на епидемијата до денес, исто така на милион жители.

Најлоши сме меѓу најлошите на светот! Јасно е дека со вакво темпо Македонија ќе ги достигнува и престигнува земјите кои се повиоко од неа на листата според кумулативната смртност, пишува Трајковски во својата објава.

Според него, единствено решение е целосен четиридневен карантин за драстичен пад на бројките на новозаразени, а потоа со сериозно придржување до другите мерки и препораки коишто се на сила, бројот на новозаразени да се одржува низок. А, министерот за здравство од владината говорница денес повторно го кажа тоа што веќе е кажано досега – полициски час не е потребен. Целосното замирање на економијата се уште не е на агендата на лицата кои одлучуваат во борбата со Ковид-19.

Според министерот, состојбата со Корона вирусот е под контрола и последните донесени мерки даваат резултат.

Пред нас е зимски период, вирусот ќе опстане, а почитувањето на мерките е неопходно смета Филипче. Пикот на заразата сепак веќе е поминат, уверливо кажа министерот на прес-конференцијата, дополнително насочувајќи ги надежите кон вакцината која е се поблиску.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наскоро ќе биде објавена листата си нови лекови на сметка на фондот

Дејан Дејан

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори

Дејан Дејан

(ФОТО) Русија го изврши најголемиот напад со дронови врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе