Вести Македонија

Прилеп ги повикува матичните лекари да дежураат на инфективното оделение

Рестриктивни мерки кои ќе помогнат да се намали драматичното ширење на вирусот во Прилеп, побара денеска Општинскиот  од Главниот кризен штаб, по одржаната онлајн седница. Овој заклучок  следи поради влошената и крајно загрижувачка епидемиолошка состојба. Во Прилеп има над 1000 активни случаи, од нив 117 се хоспитализирани, 48 се во дневна болница, а останатите се лекуваат во домашни услови. Во изолација се 1319 прилепчани. 125 пациенти досега ја изгубиле битката со вирусот, но во изминатото  деноноќие за првпат по долго време нема ниту еден починат.

-Со цел да ја превенираме и запреме ваквата застрашувачка тенденција на ширење на заразата, Општинскиот кризен штаб  побара од Главниот кризен штаб, заострување на мерките и воведување на дополнителни рестриктивни мерки, кои ќе се однесуваат на целата територија на Општина Прилеп, изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.  

Јованоски вели дека иако побарал карантин,  остава за мерките  да одлучат  членовите на Комисијата за заразни болести, а одговорот се очекува најдоцна до сабота.  Во меѓувреме ќе се засилат  локалните мерки. Поради алармантната ситуација и потребата од медицински персонал, Јованоски побара  матичните лекари да се вклучат со дежурства  на Инфективното оделение во прилепската Болница, каде персоналот е на работ на силите.

Општинскиот кризен штаб го задолжува претседателот на Здружението на матични лекари од нашиот град, почнувајќи од утре па во наредниот период, да обезбеди по два тима, составени од доктор и медицинска сестра, кои ќе волонтираат по систем на ротација во втора и трета смена во Инфективното одделение.  Ова е особено важно, затоа што постојниот медицински персонал во Инфективното одделение, е навистина исцрпен и со крајни сили и напори се бори со заразата и се грижи за секој пациент, вели Јованоски 

Триесет волонтери од спасителната служба „Златоврв“, заедно со полицијата ќе бидат вклучен во одржување на ред и дистанцаа пред здравствените установи, но и пред маркети, банки и градскиот пазар. Тие ќе бидат ангаѓирани и во достава на лекови и намерници до домовите на оние кои се во изолација. Градоначалникот ги повика сите млади и здрави лица, како и оние кои ја прележале болсета да им се приклучат на волентерите.

Емилија Мисирлијевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе