Вести Македонија

Реакција на ТВ Телма за дописот на АВМУ

ТВ Телма е зачудена што АВМУ реагира врз основа на паушални реакции и сомничења на политички субјекти за наводно отсуство на ставовите на најголемата опозициска партија.

За сите релевантни теми, секогаш го имаме ставот и на опозицијата, а нашите извештаи во вестите се објективни и балансирани. Доколку реакцијата на АВМУ се однесува на неточните и смешни обвинуванја на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека наводно бил цензуриран на ТВ Телма- би било коректно да се проверат фактите пред АВМУ да излегува со вакви соопштенија во јавноста.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во текот на 2020 година имаше 3 интервјуа на ТВ Телма, а откако стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ има најмногу гостувања на Топ Тема од сите политичари во Македонија.

Телевизијата и натаму е отворена за соработка со партијата и кога ќе оцени дека има програмски интерес, повторно ќе го покани на интервју г-динот Мицковски.

Но, Телма има сопствена уредувачка политика и проценува, кој, кога и колку пати ќе гостува на интервју, како и дали одреден настан е значаен за да добие време во информативните емисии. За сите теми што сметаме дека се релевантни и ги обработуваме во вестите, бездруго ќе го пренесуваме и ставот на опозицијата, но многу е погрешно да се мисли, дека медиумите имаат должност да ги пренесуваат сите прес-конференции на партиите што ги одржуваат секојдневно.

Се надеваме дека АВМУ е свесна за автономијата на уредувачката политика на телевизиите, и дека во иднина ќе се водржат од реакции врз основа на слушнати информации во јавност, без тие да бидат проверени, и без аргументирани обвинувања.

Во спротивно, АВМУ ќе си додели улога на супер-цензор, која не и припаѓа, и тоа не врз основа на сопствени факти и анализи, туку врз основа на изјави на политички субјекти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе