Тајсон Фјури го победи Франсис Нгану во блокбастер боксерската пресметка синоќа во Саудиска Арабија. Засега непобедениот светски шампион во ВБЦ верзијата не изгледаше најдобро против дебитантот и поранешен УФЦ-шампион, но судиите одлучија во негова корист.
Фјури го победи Нгану со поделена одлука на судиите, но јавноста смета дека дебитантот е вистинскиот победник. Поранешниот УФЦ-борец покажа дека е и одличен боксер, бидејќи во неговата прва борба во овој спорт успеа дури и да го стави во нокдаун големиот шампион и тоа во третата рунда. Фјури имаше свои моменти, но делуваше дека не е целосно подготвен за овој предизвик.
По борбата самиот призна дека Нгану му бил најтешкиот противник во изминатите 10 години во рингот. Популарниот Џипси Кинг следно ќе се бори со Олександр Усик за обединување на сите светски шампионски титули во тешка категорија во провесионалниот бокс.