15.000 артилериски гранати со калибар од 75 мм заостанати од Првата светска војна досега се утврдени под Тумбе Кафе кај стадионот во Битола. 5000 веќе се складирани во магацин во старата касарна, уште 5000 се подготвени за транспорт, а под нив лежат уште толку.
Но, пиротехничарите велат дека локацијата на овој арсенал најверојатно се протега и под патот кој ја поврзува новата населба со главната сообраќајница, кој ќе треба да се сруши.
Од старт имаме 15 илјади парчиња што се дефинИРАНИ. Тоа се 120 тони гранати, во кои има 5 тони тротил. Но тука не завршува границата на локацијата, таа продолжува и под патот, што значи дека од понеделник делницата ќе се затвори. Патот ќе мора да се УРНЕ и да се спуштиме до нивото кај гранатите, вели Ефтим Митров, раководител на тимот пиротехничари во ДЗС.
На терен целата работа на откопување, пренесување во транспортно возило и складирање ја извршуваат 4 пиротехничари, а вкупно се 7 во цела држава. Нив следната недела ќе ги заменат други колеги,.
Тројцата пиротехничари ќе одат малку да се одморат, а ќе дојдат тројца други пиротехничари. Јас останувам И ПОНАТАМУ, бидејќи ова е мој терен, вели Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар од Битола.
Се претпоставува дека местото било напуштена позиција на некоја од завојуваните страни во првата светска војна. Ваква количина на една локација не само што за првпат е пронајдена во Македонија, туку воопшто на Балканот.
Првпат ТОЛКАВА количина Е пронајденА. Се уште не се знае чија била позицијата, но ќе се утврди. При повлекување војниците едноставно ги истуриле и се повлекле. Ги извадиле запалките на гранатите за да не ги употреби непријателот. Во целата оваа работа тоа е среќна околност, бидејќи ако беа со запалки, не постоеше начин да се извадат од овде.
Гранатите се складираат во магацинот во старата касарна, кој сега има 24 -часовно физичко обезбедување, откако пиротехничарите предупредија на опасноста од начинот на складирање на овие неексплодирани убиствени средства. Потоа, во декември, со над стотина тури товарни возила ќе се транспортираат на воениот полигон Криволак и ќе се уништуваат во голема акција која ќе трае повеќе месеци.
Емилија Мисирлиевски