Ковид19 Македонија Топ вести

Ќерка на почината од Ковид реагира дека мајка и не била примена во „8 Септември“ зашто имала над 70 години

Дали паѓаат во вода тврдењата на здравствените власти дека пациенти со потешка клиничка слика поради Ковид-19, ќе бидат примен во болница? Искуството на Даниела Манаковска, со нејзината почината мајка, го покажува спротивното. Манаковска во статус на Фејсбук тврди дека нејзината мајка не била примена во болницата „8 Септември“, зашто имала над 70 години, и покрај препораката на лекар за итна хоспитализација.

76- годишна жена, пациент на дијализа , позитивна со Ковид, со пад на сатурација , висока темпретарута и наод на белите дробови, за што лекар претходно порача итна хоспитализација, по извршена дијализа во ковид центарот „8 Септември“, оставена е во ходник, сама без никаква медицинска нега. Чека да ја донесеме дома . Зошто? Затоа што немало кревет за неа, креветот се чувал за некој помлад, напиша таа.

Тешката состојба на жената, без соодветна терапија дома, драматично се влошила. Утредента дошло возило на Итната медицинска помош, но како што пишува Манаковска , тие исто така биле уплашени и не знаеле каде да ја сместат нејзината мајка.

На наше настојување лекарката решава да се обиде да ја примаат во „ 8 Септември“, како нивен пациент. По триесет минутно чекање во комбето, лекарката се враќа и ни кажува дека нема да ја примаат , едноставно над 70 години не примаат во „ 8 Септември“, вели манаковска.

Со сатурација 60 и на инсистирање на семејството, жената била однесена на клиника и по половина час чекање ја примиле на Гастро. Семејството чекало 4 часа за да дојде лекар да им земе податоци, но тој не се појавил, тврди Манаковска. Им се јавиле само да им кажат дека нејзината мајка починала. Директорот на „ 8 Септември“ , Костов со спротивен одговор дека во овој ковид центар од 107 лежечки пациенти, 38 се на возраст од 68 до 88 години.

На целата мака со која се соочуваме деноноќно, постојат луѓе кои објавуваат вакви потресни постови. Но, она што сакам да го истакнам е дека нема пациент кој дошол во болницата, а да не му биде укажана потребната медицинска помош, тврди директорот Христијан Костов.

Од СИМП велат со зголем број интервенции од 20 до 40 на дневно ниво во последниот период, поради променливата клиничка слика што ја прави вирусот, сведочеле и за пациенти кои починале, додека да им се обезбеди кревет во некоја од здравствените установи. Но, од таму демантираат дека не се примаат повозрасни пациенти, над 70 годишна возраст.

Воопшто селекција не се прави врз база на годините. Се прави врз база на тежината на клиничката слика. Секој пат тријажата се прави врз база на тоа. Секаде и кај нас и во болниците, секаде е тоа така, вели милица бубало од службата за итна медицинска помош.

Од Министерство за здравство велат по спроведениот надзор денеска од ДСЗИ е утврдено дека во болницата „ 8 Септември“  најмладиот пациент е на 20 години, а имаат пациенти на 80 годишна возраст. Секој пациент , без разлика колку години е, има подеднакво право на болничка нега и третман, додаваат од овој ресор.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

30 проценти од бремените жени во Македонија се соочуваат со анксиозно – депресивни потешкотии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе