Ковид19 Најважни

Шеќеринска: Армијата е подготвена во рок од 24 часа да почне со обезбедување на здравствените капацитети

Главниот штаб утре изутрина ќе одржи состанок на кој претставникот на министерството за здравство ќе ја достави листата на објекти кои треба да бидат обезбедувани или да се зголеми постоечкото обезбедување а потоа ќе се заврши и планот за вклучување на Армијата  како поддршка на МВР во одржувањето на безбедноста.

Состанокот кој требаше да се одржи попладнево е одложен поради технички причини.

Армијата е подготвена. Во моментот кога списокот ќе биде доставен во минстерството припадниците на АРМ во рок од 24 часа ќе можат да им асистираат на полициските службеници.

Армијата ќе се активира и како поддршка на персоналот во клиниките и болниците.

Медицинските тимови комплетно ќе бидат ставени на располагање,а  во зависност од барањата на здравство АРМ ќе го отстапи максимумот на своите капацитети.

Министерката додаде дека инженерските единци на АРМ, кои го подготвија теренот за модуларната болница до инфективната клиника, се во приправност и доколку се јави потреба веднаш ќе бидат повлечени од полигонот Криволак каде што во моментов се наоѓаат.

Акцискиот план од 17 точки кој вчера го усвои Главниот штаб содржи мерки и препораки како да се дејствува во следниот период за да се спречи натамошното ширење на епидемијата на коронавирусот и прецизни инструкции околу ингеренциите и задолжувањата на државните институции за секоја точка одделно.

Во акцискиот план засега не е предвидена пренамена на спортски сали во објекти каде ќе се хоспитализираат заболени од Ковид бидејќи надлежните сметаат дека има доволно капацитети а дополнително треба да се вклучат и приватни болници.

Спортските сали би биле во крајна нужност.

Ангелов објанува дека Главниот штаб нема овластување да издава наредби, има координатива улога и првенствена задача е да овозможи нивно побрзо и поефикасно спроведување.

Барањата за евентуален карантин на одедени области, вклучување на приватниот сектор и користење на нивните ресурси и капацитети ги носат надлежните мнистерства односно Владата.

Сите предложени мерки треба да ги разгледа управувачкиот комитет на Владата составен од министрите за внатрешни и надворешни работи, за одбрана и други функционери

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 14.500 ученици го започнаа полагањето на државната матура – учениците бираат меѓу странски јазик, математика или историја

Дејан Дејан

Акцискиот план за малцинствата станува нова пречка од Бугарија за Македонија

Дејан Дејан

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе