Ковид19 Најважни

Забрзано се полнат ковид – одделенијата , Филипче на средба со директорите на приватните болници  

Само во Скопје за само едно деноноќие 35 луѓе завршија во болница поради компликации од корона вирусот.

По 10 на Инфективна и во 8-ми септември, другите се пратени на  интерните клиники. А , оздравеле само девет пациенти.

Близу 500 ти луѓе се лекуваат во ковид одделенијата во главниот град , се бара болнички кревет плус, а помош се бара и од приватните болници.

Денеска Филипче е на средба со соптсвениците на Ремедика, Жан Митрев и Систина.

Дел од од нив се ставаат на раполагање, но како ќе го растоварат  јавното здравство, и самите не знаат, бидејќи освен што се преполни, имаат и долги листи на чекање на ковид – болни.

До сега е познато дека поранешната болница Мала Богородица- Систина , или сега хотел Ибис стајлс е објекотот кој приватните болници му го понудиле на министерот Филипче како капацитет за државни потреби во прогласената кризна состојба.

Инаку, хотелот кој служеше како државен карантин на почеток на пандемијата во март , во моментов поради мерките има клуч на врата, па би можел да се прилагоди и да стане инфективно одделеније.

Слична е состојбата и надвор од главниот град, забрзано се полнат и болничките кревети во ковид одделеијата и во внатрешноста.

Па така во земјава речиси 1300 луѓе позитивни на вирусот се хоспитализирани, а има 20.485 активни случаи на вирусот.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 14.500 ученици го започнаа полагањето на државната матура – учениците бираат меѓу странски јазик, математика или историја

Дејан Дејан

Акцискиот план за малцинствата станува нова пречка од Бугарија за Македонија

Дејан Дејан

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе