Македонија Топ вести

Кавадарчанец загинал во сообраќајка, брат му и татко му на клиника во Скопје

Кавадарчанец загинал во сообраќајка, брат му и татко му со тешки телесни повреди биле пренесени на клиника во Скопје. Оваа вест за МИА ја потврдија од Итната медицинска помош од Кавадарци.

Сузана Прањиќ Талевска, началник на Одделение за информации од јавен карактер при МВР, за МИА рече дека синоќа во 17:15 часот на регионалниот пат Кавадарци, кај градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „урсус“ со приколка, управуван од В.П.(24) од Кавадарци, патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Л.Л.(51) од село Дабниште, кавадаречко и патничко возило „опел вектра“, управувано од М.К.(46) од Кавадарци, сите со кавадаречки регистарски ознаки.

-На местото на незгодата починал З.Л.(54) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“. Тоа го констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Л.Л. и сопатникот од истото возило Р.Л.(79) од село Дабниште, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и сопатничката  М.К.(37) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци, појасни Прањиќ Талевска.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе