Ковид19 Топ вести

Половина од хоспитализираните во Прилеп се на кислород, една сестра се грижи за 15 – 20 пациенти

Забрзано се пополнува  капацитетот на прилепската болница со заболени од КОВИД-19. Хоспитализирани се вкупно 110 пациенти и речиси  нема слободни болнички кревети. Поголем дел од нив се со тешка клиничка слика, а над 60 се на кислородна поддршка.

-Се зголемува притисокот врз прилепската Болница. На се  поголем број  пациенти им е  потребна хоспитализација. Освен инфективното одделение на располагање се уште 4 други оддели. 

Сега, покрај  инфективно, во очно, интерно, одделението за уво, нос и грло,  се подготвува и гинеколошкото одделние за пациенти заболени од коронавирус. Недостигот на медициснски пероснал и натаму е најголемиот проблем во прилепската болница. На располагање се само тројца лекари инфектолози, но, вклучени се сите специјалисти, а повлечени од Скопје се и петнаесетина специјализанити.

-Верувајте имаме ситуација да по една сестра на 15- 20 пациенти. Но толку се можностите. Можеби од некои семејства ќе слушнете ракции дека недоволно се грижиме за нивните блиски, но условите се тие. Бројот  наз здравсвени работници е ограничен, а потребите се зголемени 3 до 4 пати, вели Драги Богојески, директор на општа болница „Борка Талески“-Прилеп

Од почетоко на пандемијата до днесе во Прилеп има 113 починати од КОВИД. Во најновиот извештај на Институот за јавно здавје се наведува дека минатата недела во прилеп  починале 17 лица и заедно со Струга имаат најголем морталитет. Менаџментот тоа не го поврзува со условите и недостигот на пероснал.

-Некогаш не е само до условите. Во првиот бран, потешките пациенти одеа во Клиниките во Скопје, во овој бран сега тука остануваат да се лекуваат  и тешките пациенти. Зголемениот број починати  се должи на поголемиот број на заболени. Процентот на вкупниот број починати од  вкупниот број на болни е 4 посто. Тоа е така во целиот свет, не само во Прилеп, вели Богојески.

Во Прилеп има  над 2200 заразени, а активни се 900 слуачи. Секојдневно во статистиките на Министерството за здравство се регистрираат по педесетина новозаболени.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Јавниот долг над 10 милијарди евра, годинава ќе ја пробие црвената линија

Дејан Дејан

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе