Ковид19 Македонија

Набавка на брзи антигени тестови и распоредување на армиските медицински лица низ здравствените установи

Владата на Република Северна Македонија на денешната 21 седница го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за јавна набавка на брзи антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи со спроведување на постапка на преговарање без објавување оглас согласно членот 55 став (1) точка 6) од Законот за јавните набавки, според кој оваа постапка може да се спроведе „доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат“.

Со цел обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус Ковид-19 владата донесе заклучок да се достави барање до Министерството за одбрана да дозволи дополнително распоредување на медицински лица од редовите на ова министерство за потребите на јавните здравствени установи во државата.

Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, на денешната седница на Владата се усвоени измените и дополнувањата на Протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со телата на починати лица од КОВИД-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе