Ковид19 Македонија

Намалена смртноста кај предвремено родените бебиња – и мерките во пандемијата „виновни“ за тоа

Во период од четири години, за 14% е намалена смртноста кај предвремено родени бебиња во земјава. Параметрите и податоците за тоа се добра вест за докторите од оваа медицинска гранка. Во време на пандемија и согледувајќи ги сите фактор-ризици, нередовни контроли поради страв од зараза со Ковид кај пациентките, годинава се регистрирани 490 предвремени породувања досега, велат од менаџментот на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Основните мерки за заштита од Ковид освен во епидемиологијата, своја индиректна корисна намена наоѓаат и во други медицински гранки.

Сега со Ковид-19 видовме дека мајките повеќе дома седат, не се движат толку многу, внимаваат на режимот диететски и нивниот хигиенско диететски начин на живеење со што се укажува дека можеби една од причините е промената на начинот на живеење со коешто и мајките се соочуваа во последниве времиња, вели директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова.

Софијанова којашто се враќа на директорското место на Клиниката за детски болести, каде што се лекуваат и оние покритични бебиња родени предвремено, вели дека ниту оваа болница не била заобиколена во третирањето Ковид-позитивни.

Светската здравствена организација упати апел заедно со УНИЦЕФ да и мајката доколку е позитивна може слободно да го дои своето дете што укажува на фактот дека таа симбиоза и пренесувањето на антителата од страна на мајката кон детето е многу покорисно за бебето. Во суштина, многу малку видовме деца новороденчиња коишто се со позитивен Ковид-19 што е добро, а и сите биле со клиничка слика која била занемарлива за третман или некакви посебни други агресивни терапии коишто постојат. Но, имаме протокол, ако некое бебе е на интензивна подготвени сме да делуваме, вели софијанова.

Дел од стручните лица од гинеколошко-акушерската дејност велат дека сепак има простор за подобрување на состојбата на родилиштата во земјава и треба да се засили помошта во вид на советување на идните мајки. Пандемијата на Ковид-19 го одложи и проектот за формирање на банка за мајчино млеко, но најавуват реализација на истиот во иднина.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дефект во трафостаница доведе до краток прекин на струја во делови од Центар, вклучително и Клинички, проблемот надминат

Дејан Дејан

Напладне пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

„Кој е следен?“ најавува герила-акција пред Обвинителството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе