Ковид19 Македонија Топ вести

ДСЗИ води 12 инспекциски надзори за почианти пациенти од Ковид-19 во земајва

Завршенa е вонредната инспекција од Државниот здравствен и санитарен инспекторат по смртта на 41 годишната Руменка Довичинска од Берово, за која што нејзината ќерка преку статус на фејсбук напиша дека вечерта кога нејзината мајка починала над десет пати ѕвонела и испраќала пораки до дежурните сестри, молејќи се за кислород и медицинска помош. Заклучоци за пропусти  на медицинскиот персонал во соопштението нема, топката се префрла на Комисија за следење на квалитет. На директорот Ален Ѓеорѓијев му е наредено да се состане Комисијата која ќе ја утврди состојбата за спроведеното лекување на пациентката.

Независно од работата на Комисијата, во текот на денешниот ден ДЗСИ ќе иницира стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациентката до Министерот за здравство, соопштуваат од ДЗСИ.

 

Георгијев вели дека уште ја чека одлуката на нивната комисија, а резултатите ги очекува утре. Најавува промени во организацијата на работата на инфективно, а од вчера има и две дополнителни телефонски линии за пациентите.

Да ги почекаме резултатите од Комисијата за да видиме имало ли пропусти во лекувањето. Можам само да кажам дека ќе има организациски промени на инфективно, рече Ѓеорѓијев.

Во штипскиот ковид центар исполнети се сите кревети и во него се лекуваат 69 пациенти. Државниот здравствен и санитарен инспекторат досега има иницирано стручни надзори за 12 починати пациенти од коронавирусот, два во Струмица и по еден од Свети Николе и Ресен, а во тек се и инспекциски надзори за починати пациенти од коронавирусот во Тетово, Крива Паланка, Битола и Кавадарци. Инспекторите ќе бараат одговори и за уште 4 починати пациенти на клиниките во земјава.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Унгарската компанија Икарус избрана и на новиот повиок за набавка на 150 автобуси

Дејан Дејан

Системот за масовно предупредување за кризни ситуации тестиран од пред една година, и натаму не функционира

Kristina Kuzmanovski

Околу 16 милиони евра одлетаат од општинските каси, парите им избегаа со истекот на рокот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе