Македонија Топ вести

За 24 часа хоспитализрани се 43 нови пациенти во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа седум  пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, еден болен на Клиниката за Дерматовенерологија, еден пациент на ковид одделението на Клиниката за Гастроентерохепатологија и шест пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица.

На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица.  Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 163 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, од кои 11 деца и 28 возрасни.

Од неделата пациенти сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени 14 пациенти и има уште 11 слободни кревети.

Вкупно 433 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Во наредните неколку дена со работат ќе почне и ковид центарот на Клиниката ОРЛ.

Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обдукцискиот наод за Ведат Адеми, кој почина по примање на терапија, доставен до ОЈО Куманово

Дејан Дејан

Шести Самит на Европската политичка заедница, прв на Западен Балкан – премиерот Мицкоски на настанот во Тирана

Дејан Дејан

Дефект во трафостаница доведе до краток прекин на струја во делови од Центар, вклучително и Клинички, проблемот надминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе