Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хан : Да се даде точен датум за прием е несериозно

/

Македонија

Сподели преку :

Еврокомесарот Јоханес Хан смета дека не е сериозно да се дава точен датум за тоа која некоја земја кандидат за ЕУ ќе стане дел од унијата. Во интервју за Телма, Хан вели дека прашањето „кога“ е чувствителна форма, затоа што тоа секако зависи од напредокот кој државите го остваруваат.

  • Но, тоа што е јасно, тоа што сѐ уште е валидно, и ќе биде и во иднина, е дека целиот процес е заснован на заслуги. Тоа значи дека ако државата исполнува, треба да ги добие и заслугите за тоа. Затоа не чекаме сите да бидат подготвени за пристапување, туку ако некоја држава порано биде подговена, тогаш така треба да биде. Во случајот со Северна Македонија, таков е впечатокот кој го добив и по денепшните дискусии, исто така и сите информации кои ги слушнав и прочитав, Северна Македонија постигнала прилично голем напредок на нејзиниот пат кон ЕУ. Затоа, мислам дека треба да бидеме оптимисти, мислам дека е реално остварливо Северна Македонија да ѝ се приклучи на унијата во следните неколку години. Но, да се даде точен датум е несериозно.
Jumbo 2