Вести Македонија

Струмица нема да украсува за Нова Година, парите ќе ги даде на болницата

Еден милион денари од буџетот на општина Струмиза се пренаменуваат за помош на струмичката општа болница. Овие средства, предвидени за празничко украсување на градот, со одлука на советот ќе се префрлат на донаторската сметка на болницата. Општината и претходно најави дека годинешното украсување ќе биде симболично.

Според општината за одлуката се разговарало подолго време, бидејќи имало предлози и да се купат конкретни апарати или друга опрема потребна на болницата.

Струмица повторно ќе има светкава атмосфера за празниците, но годинава далеку поскромно од вообичаено. Локалната самоуправа смета дека градот не мора да има скапо украсување, туку колку да се одбележи периодот околу Нова година.

Во струмичката болница пак, се уште состојбата е алармантна. Раководството на болницата се бори за кревет плус, а недостига и персонал.

Струмица во моментов има повеќе од 600 активни случаи на ковид-19.

 

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе