Вести Македонија

И одделот за физикална медицина станува КОВИД центар во Битола

Уште двајца битолчани ноќеска починаа во Регионалниот  ковид центар  во Битола поради компликации од вирусот. Пациентите се на возраст од 73 и 82 години

Од почетокот на пандемијата до денес битката со коронавирусот ја изгубила вкупно 49 битолчани, а повеќе од половина се од почетокот на месецов. Најголем број починати,  12, се во последните три дена.

Најмалдиот пациент од оние кои ја изгубиле битката со вирусот бил на 44 години, највозраснијот 88 години.

Инаку во Битола во моментот има 625 активни случаи. Голем број заболени има во повеќето институции  во градот, но и приватни компании.

И битолскиот театар кој денес одбележува 76 години од своето постоење, поради заболени актери, веќе две недели е под клуч.

Позитивни има и вработени во битолските градинки. 14 негувателки и воспитувачки се заразиле со вирусот, а 120 деца се во изолација. Во училиштата  во Битола каде 1460 ученици следат настава  со физичко присуство, 5  се позитивни на вирусот и 7 наставници.

На Инфективното одделение во битолската болница денес има вкупни 78 хоспитализирани пациенти, а од понеделник дел од КОВИД центарот ќе биде и одделението за физикална медицина со што во Битола  вкупно на располагање ќе бидат над 100 болнички кревети.

 

Емилија Мисирлиевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе