Вести Македонија

Пандемијата со Ковид 19 во полошкиот регион зема замав

Состојбата со ковид пандемијата во полошко веќе извесен период е алармантна. Високи двоцифрени бројки на нови случаи се регистрираат секојдневно. Болничките капацитети се полнат, медицинскиот персонал се заморува.

Поради напливот на пациенти во Клиничката болница во Тетово, покрај на Инфективното одделение, се примаат и на двата ката во интерниот оддел. Моментално се хоспитализирани 49 пациенти, а за два дена починале три лица над 65-годишна возраст со коморбидитети.

Од раководството велат дека има капацитет, направена е и реорганизација на кадарот, а олеснителна околност е што на одделенијата има централен довод на кислород.

Во гостиварската болница поради зголемената потреба од болнички кревети, во ковид центар се пренамени и интерното одделение за прием на пациенти со потешка клиничка слика. Се очекува да биде ставен во функција и одделот за дијализа, каде би се примале сомнителните случаи и лицата со полесни симптоми.

Лекарите апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и навреме да се јават на лекар при првите симптоми на болеста.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, заклучно вчера во Тетово и околните 5 општини има 1037 активно заразени со коронавирус, додека во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше, има 522.

 

Данијела Билбилоска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Собраниската Комисија за избори и именувања е реликт од комунизмот, во неа седат најпартиските луѓе и чудно се договараат

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе