Вести Македонија Најважни

Наместо 16, до крајот на годината ќе се постават две модуларни болници

До сто заболоени дневно –со висок број на смртни случаи Куманово изминатава недела често пати беше со Скопје и Tетово меѓу првите три градови со најголем број случаи. Тоа го вклучи црвениот аларм да се постави модуларната полска болница на армијата. Во кругот на општата болница поставени се три шатори каде ќе се вршат прегледи . Иако во јули министерот Филипче најави дека ќе се направат 16 модуларни болници низ Македнија до сега профункционира само онаа на Инфективната клиника и шаторите во Куманово. Извесно е дека до крајот на годината можат да се постават уште две.

Јас очекувам дека барем до крајот на годината ќе бидат поставени, гледајќи ја сегашната динамика на одвивање на работите, меѓутоа свесни дека со блокадата со која се соочивме од опозицијата и гледајќи дека можно е согласно таа блокада да не стигнат овие монтажни болници инаку планот како што беше на почетокот така што сега сите тие 16 Ковид центри ќе бидат поставени во близина на болниците . Но ние направивме резервен план и токму тој резервен план сега се активира тоа се овие дополнителни капацитети на интерните клиники и целосно дополнителните капацитети во ГОБ „8 септември“, изјави министерот Филипче. 

16- те општини во кои ќе има вакви болници за пациентите на кои им треба болничко лекување веќе имаат добиено допис од Министерството за здравство. Локалните власти треба да изградат  нова водоводна и канализациона мрежа, но и да постават подлога и изградат улици по кои ќе се пристапува до нив. Во Штип веќе се почнати градежните работи. Штипските јавни претпријатија работат и најавија дека сите активности кои се потребни на терен ќе ги завршат за три недели. Во моментов во штипскиот Ковид центар, вклучувајќи го Инфективното и Кожното одделение има капацитет да прими 65 пациенти 12 општини од Брегалничкиот регион, но поради малите капацитети на соседните регионални центри се примаат и пациенти од Радовиш, Кавадарци и Кратово. Новата монтажна болница ќе обзебеди капацитет за уште дополнителни 56 болнички кревети, а за раководството на болницата здравствениот кадар не е проблем, бидејќи во битката се вклучени и лекари и медицински сестри од другите одделенија.

 

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе