Вести Македонија Најважни

Нервоза, солзи и редици од луѓе пред тријажниот центар „8-ми септември“, поставени се и шатори

Лелеци, крикови, солзи и плач – ваква траорна атмосфера не пречека пред Ковид болницата во „8 Септември“. Нервозни роднини на починати пациенти од ковид 19, со солзи во очите бараат информации од медицинскиот перонал за смртта на најблиските. Напнатост и нервоза лебди во воздухот, но не се ретки и вербални закани кон медицинските лица кои се на раб и на физичка пресметка.

И ноќеска тука имало инцидент- роднина на пациент нападнал медицинска сестра во лабараторија. Директорот Кристијан Костов вели – медицинскиот лице го даваат максимумот, уморни се од пандемијата и макотрпната работа за спас на човечки животи, и ниту едно лице до сега на кое му била потребна помош не останало незгрижено. Ја разбира и нервозата кај пациентите.

По 200-те потешки пациенти дневно прегледуваат докторите во овој Ковид центар. Граѓаните во редици чекаат да стигнат до доктор. Во погледот им искри страв и наеж дека ќе го избегнат најлошото.Тука секојдневно до максимум се исполнети и болничките кревети – капацитетот е 80 легла, а Костов очекува набрзо да стигнат до 100 кревети за најкритичните пациенти.  Брзата Помош овде ги носи најтешките случаи од инфективните одделенија од внатрешноста. А од денеска се поставува мобилен шатор со клупи и греење каде заразените со Ковид 19 вирусот ќе може да чекаат за преглед.

Министерот Филипче пак е дециден дека интерните клиники се подготвени за прием на  пациенти, а лекарите се целосно мобилизирани. Одговорно тврди дека во болницата „8 Септември“ се консултираат анестезиолози кога се поставуваат лица на респиратор.

Во последните 24 часа пак во Kовид-центрите во Скопје  се хоспитализрани  41 нов пациент поради компликации од коронавирусот, a пуштени се дома како оздравени 35 лица. Бројките на Министерството за здравство покажуваат дека вкупно 393 болни, сомнителни и потврдени пациенти за ковид-19 се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Новиот резервоар пак за течен гас, во 8 септември е наменет да опслужи кислородна поддршка на 200 пацинети. Се очекува напливот од болни и капацитетите за прием да растат- наделжните пак се уверени дека се подготвени и за најлошото.

 

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Собраниската Комисија за избори и именувања е реликт од комунизмот, во неа седат најпартиските луѓе и чудно се договараат

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе