Во Мото ГП шампионатот, Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Каталонија во Барселона, а Алеиш Еспаргаро славеше на спринт трката.
Бањаја во квалификациите имаше време од 1 минута, 38 секунди и 639 илјадитинки и со тоа постави нов рекорд на патеката „Каталуња“. Второ најдобро време имаше Алеиш Еспаргаро, трет беше Мигел Оливеира, а зад нив се Маверик Вињалес, Хорхе Мартин, Јоан Зарко и Алекс Маркез.
На спринт трката триумфираше Алеиш Еспаргаро на мотоцијлот на Априлија на голема радост на домашната публика. Зад Шпанецот финишираше Бањаја, додека на подиумот имаше место и за уште еден домашен натпреварувач и мотициклист на Априлија, Маверик Вињалес.
Во генералниот поредок Бањаја со новите бодови останува лидер со 260 бодови, пред Хорхе Мартин кој има 194, додека трет е Марко Бецеки со 185.
Утрешната трка за Големата награда на Каталонија почнува од 14 часот.