Во последната недела од Ковид 19 починале 127 луѓе што е за 41,1% повеќе во однос на претходната недела.94 лица биле на возраст над 60 години, 19 од починатите имале од 50 до 59 години, 9 од 40 до 49 години, 4-ца биле на возраст од 30 до 39 години и едно лице од 20 до 29 години.Зголемен е и бројот на заразени за 25,5%..Регистрирани се 7280 нови случаи од 35 градови.Најмногу заразени има во Скопје.Веднаш зад него се Тетово,Куманово,Штип и Прилеп.Најзастапена е возрасната група над 60 години, а веднаш зад нив се луѓето меѓу 30 и 49 години. Државниот здраствен и санитарен инспекторат ќе прави вонредни инспекциски надзори за зголемената смртност следејќи го патот на лекување на одредени пациенти почнувајќи од матичниот лекар до институцијата каде што настапила смртта.
Државниот здраствен и санитарен инспекторат до овој момент нема регистрирано внатрешна трансмисија на корона вирус внатре во училиштата и градинките.
Се засилуваат и инспекциските контроли .Пазарниот инспекторат затворил еден објект во Куманово поради непочитување на протоколот за разбота а поднесени се и две кривични пријави за угостителски објекти во Струга и Прилеп во периодот од 2 до 8 ноември.
Во последната недела направени се вкупно 5503 контроли од страна на 6 инспекциски служби.Издадени се 6 решенија за констатирани неправилности а здраствените инспектори издале 11 523 решенија за самоизолација и домашно лекување на лица позитивни на вирусот и на оние кои биле во контакт со заболено лице.
Јулијана Пешевска
