Во почетокот на пандемијата со Ковид- 19, насилстовото во земјава пораснало до 10% во однос на порано, рече министерката за труд и социјална политика Шахпаска. Со цел намалување на насилството, Владата го усвои Предлог- законот за заштита и спречување на насилството врз жените и семејното насилство, кој ќе оди во собраниска процедура. Власта очекува подршка од опозицијата при гласањето на овој закон.
Првичните анализи покажале дека животот во услови на карантин и рестрикции за движење на граѓаните, од почетокот на пандемијата со Ковид -19 , предизвикал пораст на насилството во земјава, рече министерката за труд и социјална политика.
- Првите три месеци кога како Влада превземавме мерки во облик на рестрикции, ограничено движење , карантински мерки, насилството беше зголемено за некој процент, според првичните анализи, меѓу 8 до 10 % – Јагода Шахпаска- министерка за труд и социјална политика
Заложбите за препознавање и отстранување на можноста за пораст на насилството и конкретната заштита и подршка на жените жртви, се преточени во Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство , кој Владата го усвои . Законот , зад чија изработка стојат експерти и невладиниот сектор, е дел од Акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција, ратификувана кај нас во декември 2017 година. Тој предвидува надлежните институции во постапката при родово базирано насилство врз жените и семејно насилство , да постапат брзо и со внимание кон жртвата, со цел нејзина заштита и реинтеграција во системот, вели Шахпаска.
- Судот има обврска веднаш, а нојдацна за 24 часа по прием на предлог од МВР и полицискиот извештај, без да одржи рочиште, да одлучи за изрекување итна мерка за заштита, односно отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот. Жртвата има право да поднесе тужба пред Граѓански суд, за утврдување на одговорност за непостапување со должно внимание од страна на надлежните институции – Јагода Шахпаска- министерка за труд и социјална политика.
Товарот за докажување е на институцијата и на лицето кое не постапило по законот , а жртвите се ослободени од судските трошоци во постапката, дополни министерката. Законот за спречување насилство врз жените и семејно насилство ќе ја продолжи процедурата во Законодавниот дом, а при гласањето власта очекува подршка од опозицијата.
Сотир Трајков
