Вести

Докторите на штипска Инфективна нападнати од роднина на пациенти

Тројцата инфектолози и медицински персонал, кои секојдневно се борат со коронавирусот и напливот на пациенти во регионалниот ковид центар во Штип трпат и вербални закани и навреди од роднини на пациенти.

29 годишен штипјанец сакал насилно да влезе во одделението, каде што од коронавирусот се лекувала негова роднина. Во обидот бил спречен, а кон вработените се однесувал и агресивно. Случајот веднаш е  пријавен од еден од здравствените работници. По неколку часа во полицијата пристигнала и пријава од страна на дежурната лекарка, која исто така пријавиле дека лицето Х.Х агресивно се однесувал, но и упатувал навреди и закани. Ова е прв инцидент на штипското Инфективно од почетокот на пандемијата. Насилникот ќе заработи кривична пријава за загрозување на сигурноста на службено лице на работно место.

Во моментов на ова одделение се лекуваат 57 пациенти, а четворица од Кочани и радовишкиот регион починаа во овој ковиод центар. Инфектолозите сметаат дека есенскиот бран е посилен за разлика на почетокот на пандемијата.

14 пациенти се во критична, а на 20 им е потребна кислородна поддршка. Во моментов болницата се справува со напливот на пациенти на инфективното и кожно одделение, а денеска до нив и до општина Штип стигнал допис од Министерството за здравство со кој се  бара да се направат подотвителните активности за поставување на модуларната болница. Таму треба да има доплнителни 42  кревети.

Викторија Јoванова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Дејан Дејан

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Граѓаните кои се во неповолна финансиска положба имаат право на бесплатна правна помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе