Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во текот на зимскиот преоден рок најверојатно ќе го напушти Удинезе, но натаму ќе остане во Серија А.
Нестороски сезонава ретко добива шанса во првата постава на екипата од Удине и во досегашниот тек само еднаш беше меѓу стартерите и тоа на Куп натпреварот против Виченца, а во Серија А само три пати влегуваше во игра од клупата за резервни играчи.
Токму поради тоа Несторовски сака да си замине од Удинезе и во моментов има понуда од членот на елитното друштво Специја, а трансферот би се комплетирал во текот на јануари следната година.
Триесет годишниот Несторовски во Удинезе дојде во 2019 година и на 34 натпревари постигна три гола.