Македонија Најважни

Обвинителството отвори истрага против Дерковски и уште четворица за набавка на софтверот

Отворена истрага против претседателот на ДИК Оливер Дерковски за набавка на софтверот кој крахираше на изборите Обвинителството ја прифати кривичната пријава на одделот за борба против организиран криминал на МВР и отвори истрага за злоупотреби при набавките во Државната изборна комисија.

Првоосомничен како што дознава Телма е претседателот на ДИК Оливер Дерковски. Меѓу осомничените се и тројца членови на комисијата за јавни набавки во ДИК, како и сопственик на фирма од каде се набавувале технички апарати.

Обвинителството за претседателот на ДИК и другите осомничени од комисијата бара мерки за обезбедување, меѓу кои одземање на пасошите и забрана за определени работни активности.

Се товaрат дека софтверот не го набавиле во законска постапка и не го тестирале. На изборите на 15-ти јули софтверот не издржа, а сајтот на ДИК беше хакиран поради што доцнеа резултатите од предвремените парламентарни избори.

По спроведена севкупна предистражна постапка, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки, од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири члена на Државната изборна комисија и еден управител и сопственик на правно лице, соопштува ЈОРМ.

Во временскиот период од февруари до септември годинава, во Државната Изборна Комисија, осомничените како членови на Комисијата за јавни набавки и осомничениот управител и сопственик на правното лице, со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка ги повредиле одредбите од Законот за јавни набавки со тоа што не утврдиле дека економскиот оператор не ги исполнува условите за учество во постапката, не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди во постапката за јавна набавка, ниту било објавено Известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка во предвидениот законски рок. Исто така, не било извршено тестирање и финален тест на софтверот пред истиот да биде имплементиран и не бил извршен увид во спроведената постапка со преговарање, иако биле должни да го направат истото пред да биде потпишан Договорот, како и да утврдат дека Извештајот од спроведена постапка бил изготвен спротивно на Правилникот за начинот на пополнување на образецот на Извештајот од спроведената постапка.

Воедно, изготвувањето на техничката спецификација за јавната набавка била направена во консултации со учесник во постапката, спротивно од Законот за јавни набавки, со што за две правни лица била прибавена корист – право да учествуваат во постапката за јавна набавка и да склучат договор за истата. Со извршените дејствија е овозможено правните лица да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 899.999,00 денари, како и износ од 349.500,00 денари.

Заради непречено водење на кривичната постапка, надлежниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје, согласно член 146 ст.1 т.1, 2, 3 и 7 од Законот за кривична постапка, поднесе предлог за определување на следните мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето; обврска на осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забарана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе