Вести Македонија

Обложувалниците и казината ќе работат по 21 часот, но нема да продаваат пијалоци

Кафулињата, рестораните и кафеаните ќе мора да ги испратат гостите најдоцна до 21 часот согласно вчерашната одлука на Владата и потоа доколку можат да работат со достава или шалтерска продажбва на храна и пијалоци. Но што со спортските обложувалници и касината каде што исто така се продава алкохолни и безалкохолни пијалоци а чие работно време е 24 часа.

Премиерот Заев вчера изјави дека тие исто така работат со достава, што не е точно. Продажбата на пијалоци е стриктно регулирана и затоа дел од обложувалниците и касината имаат регистрирано и дополнителна угостителска дејност за да може да постават шанкови во своите објекти.

Во обложувалниците нема да се врши продажба на алкохолни и беалкохолни пијалоци по 21 часот, соопштија од асоцијацијата.  Работното време останува исто и нема да се затвараат во 21 часот а граѓаните ќе може да вршат уплата на шалтерите.

Телма, неофицијално дознава, дека и мини касината и автомат клубовите исто така ќе ја почитуваат мерката на Владата и по 21 часот нема да вршат продажба на пијалоци во нивните објекти без разлика дали тоа од нив го бараат играчи или граѓани кои само за таа цел влегле внатре. Сепак во оваа бранша мора да се допрецизира бидејќи во големите касина на гостите воопшто не им се наплаќаат пијалоците.

Ограничувањето делумно не важи и за рестиораните во хотелите кои по 21 часот ќе може да ги служат гостите кои имаат платено престој во објектот.

Угостителите кои ќе работат со достава и со шалтерска продажба нема да генерираат профит и ќе работат со загуба, велат од независната угостителска комора. Мерката за ограничување на работното време ќе биде причина ќе примора половина од угостителите да ги затворат своите бизниси во наредните шест месеци а од комората сметаат дека е селективна.

Од Владата и министерството за здравство засега нема објаснување зошто ограничувањето до 21 часот важи само за угостителите а не и за сите објекти каде што има голема фреквенција на граѓани како што се обложувалниците и касината.

 

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе