По најавите во одредени медиуми дека УЕФА има намера наместо во 12 земји како што беше планирано, натпреварите на континенталниот шампионат да се играат во една земја и како домаќин се потенцираше Русија, следува реакција од неименуван претставник од Европската фудбалска федерација кој со една реченица ги демантираше написите.
“УЕФА не се откажува од идејата првенството да се одржи во 12 земји и ќе се обидеме ако тоа условите го дозволуваат на трибините да присуствуваат навивачи”, изјави висок функционер на Европската асоцијација.
Иако се уште нема официјална реакција, постои голема веројатност Азербејџан поради конфликтот со Ерменија да биде симнат од листата на домаќини, но за конечна одлука очигледно има доволно време и се ќе зависи од развојот на ситуацијата во Нагорно Карабах.
Шпекулациите околу наводната измена на начинот на организирање на Европското првенство се појавија по изјавата на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин кој оваа опција ја посочи бидејќи се уште е неизвесно каква ќе биде епидемиолошката состојба во поголемиот дел од земјите на Стариот континент.