По објавувањето на веста дека Фудбалската федерација на Италија отвори истрага против Лацио под сомневање дека клубот ги прекршил протоколите за безбедност и ширење на епидемијата со Ковид-19, денеска беше објавено дека доколку се докаже вината, екипата од Рим може да се соочи со драстична казна која може да биде и исфрлање од националното првенство.
Реакцијата на Федерацијата доаѓа откако УЕФА им забрани на тројца фудбалери Чиро Имобиле, Лукас Леива и Томас Стракоша да патуваат на мечот од Лигата на шампионите против Зенит.
Тројцата играчи поради позитивни резултати на тестовите не беа во комбинација и за претходниот дуел со Бриж, но настапија во домашното првенство против Торино.
Лацио се жали на валидноста на тестовите, но во Федерацијата се сомневаат дека се манипулирало со резултатите и поради е донесена одлука за темелна истрага.
Доколку истрагата потврди дека постои манипулација со резултатите Лацио поради кршење на строгите правила, загрозување на здравјето на фудбалерите и сите останати вклучени во натпреварите ќе биде санкциониран, а казните се драстични. Од плаќање на голема сума пари, одземање бодови па се до исклучување од првенството.