По добивањето на резултатите од тестирањето пред почетокот на подготовките на ракометната репрезентација и објавувањето на веста дека тројца ракометари се позитивни на коронавирусот, селекторот Данило Брестовац реши дополнително да го повика Гоце Георгиевски.
Крилото на Вардар, кој првично не се најде на скратениот список на Брестовац и имаше статус на резерва ќе му се приклучи на националниот тим и ќе биде во комбинација за претстојните два натпревари од квалификациите против Финска и Швајцарија.
Првиот натпревар нашата селекција ќе го одигра в среда во Скопје со почеток од 20 часот, а три дена подоцна не очекува гостување во Швајцарија.