Македонија

Никако да се намали бројот на дивоизградени објекти во земјава

Општините од истокот кубурат со градежни инспектори, затоа на терен повторно се гради на диво и се узурпира државно земјиште. Кочани нема градежен инспектор, едниот е на боледување, а вториот поради здравствени проблеми е распределен на друго работно место. На општинскиот оглас не се јавува никој за вработување. Ваквата состојба  им даде слобода на неколку компании да си узурпираат државно земјиште околу нивните дворови. Општината реагирала, но добиле одговор дека постапката треба да ја води правобранителот.

Штип изминатите години беше лидер по легализирани дивоградби, оваа година регистрале 50 нови, а лани 64. Двајцата штипските градежни инспектори на терен работата и во малата општина Карбинци, каде што нема ниту еден.

Локалните власти не можат да објаснат зошто на нивните огласи за урување на дивоградби ниту една фирма не се јавува, каков што беше примерот и со Мавровка, па мораше да интервенира државата. Во меѓувреме новиот  Закон за легализација на дивоградбите  повторно се врати во Собрание, минатиот месец. Државниот завод за статистика врз основа на податоците од општините има регистрирано близу 1.000 нови дивоградби во државата

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе