Вести Македонија Најважни

Се полни и болницата „8 -ми септември“ во Скопје, не се исклучува можноста да стане ковид центар

Ќе стане ли болницата „8 -ми септември“ повторно ковид центар? Таму веќе се полни и одделението за белодробни заболувања, и наместо довчерашните 50 пациенти, денеска во градската болница има 75 -мина. Министерот Венко Филипче вели дека не е исклучена можноста оваа болница повторно да стане ковид центар како што беше тоа пред неколку месеци, но сепак ќе се калкулира и со останатите клиники кои се приспособуваат за прием на пациенти. Најголем проблем е што во болницата се извршуваат и редовни прегледи закажани преку мој термин.

Во моментов според министерот се пополнуваат последните слободни кревети на Инфективна, но оние кои се ослободиле поради испишани излекувани пациенти. Очекува викендов поради големиот број на потребни хоспитализации да почне употребата и на институтот за белодробни заболувања во клинички каде има 60 кревети, но и секако болницата во Козле која е веќе ковид центар. Во меѓувреме и болниците во внатрешноста веќе приспособија дел од останатите одделенија а кои не се инфективни. Во моментов Велес е со голем пораст на новозаразени, а според градоначалникот Аце Коцевски тоа се должи на ширење на заразата во повеке индустриски капацитети и претпријатија.

Не помалку аларманта е состојбата и во Прилеп, Кавадарци и Струмица каде исто така деновиве има зголемување на бројот на заразени.

Во Битола пак болницата физикалнотот одделение го приспособи за лекување на болните од корона вирус, а тамошните епидемиолози велат дека до ваква состојба е дојдено и поради криење на контактите од заразените.

Според последните црни податоци од земјава еден пациент на 27- годишна возраст од Кумановско денеска ја загубил битката со корона вирусот. Во тешка состојба бил донесен на Инфективна клиника во Скопје, откако претходно 6 дена се лекувал дома. Немал други заболувања. Починати се и тројца пациенти на инфективното во Штип од кои двајца се уште не биле ни потврдени како заразени од корона, но ги имале истите симптоми. Државното здравство на помош ги повика и приватните интернисти кои ќе се вклучат во лекувањето на болните од ковид 19. Во меѓувреме лекарите и другиот кадар ротира за да може да го издржи напливот од пациенти.

 

Билјана Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе