Македонија

Институтот за белодробни болести и туберкулоза ќе прими 50 пациенти со Ковид-19, а клиниките за дерматологија и неврологија вкупно 74

Поради пополнување на капацитетите на Инфективната клиника и на модуларната болница, со одлука на Министерството за здравство, пациенти со Ковид- 19 ќе се третираат и во други здравствени установи.

Прием на пациенти со Ковид- 19, во следниот период ќе се врши на Клината за неврологија, но и на Клиниката за дерматологија. А, нов Ковид центар станува Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза . Во овие здравствени установи ќе бидат подготвени 30 до 50 кревети, за прием на пациентите.

Искуството кое лекарите од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза до сега го споделуваа со колеги од Инфективната клиника, болницата „ 8 Септември“ и таа во Козле, наскоро ќе го применуваат на свој терен. За болните од Ковид-19, во новиот Ковид центар, се подготвуваат 50 кревети, а со подршка на Министерството за здравство, очекуваат бројот на кислородни концентратори за пациентите да се зголеми, за да почнат да работат.

  • Кислородната подршка ние ја покриваме со кислородни концентратори. Кај нас ќе бидат хоспитализирани пациенти болни од Ковид-19, со лесна и средна клиничка слика. Ние имаме 10 такви наши концентратори. Чекаме од Министерството за здравство и други концентратори кои се потребни за овој капацитет што го имаме , да ги добиеме и од тој момент, може да почнеме да работиме, вели Арбен Љабеништа- директор  на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

На Клиниката за дерматологија на располагање ќе бидат 30 кревети за зарарени со корона вирус. Според в.д. директорката Сузана Николовска, дел од нивните пациенти ќе се префрлат на Клиниката за Ревматологија , но под нивен надзор,  а за болните од Ковид ќе имаат стручна помош од интернисти и пулмолози. А, на Клиниката за неврологија треба најпрвин да се згижат нивните 650 тешко болни пациенти и да се обезбедат услови за работа со болни од Ковид, а потоа да се примаат.

  • Сепак ќе биде процес и не може да се направи преку ноќ. Инаку ние на располагање имаме 44 кревети. Од кои 22 кревети се со довод за кислород. И тоа беше причината и идејата да можеме да помогнеме во оваа ситуација, рече Иван Барбов- директор на Клиника за неврологија.

Патувања или контакт со заболени од Ковид се причините поради кои граѓаните најчесто се тестираат. Некои се незадоволни што долго чекале и што од свој џеп ќе мораат да го платат тестот.

  • 10 дена чекам. Видов- не видов дојдов, морам да платам. Бев во контакт со заразен. Сега не чувствувам ништо, немам симптоми. Меѓутоа, сакам да се тестирам, да видам на што сум, вели една жена.
  • Чекам 15-20 минути, а сигурно и уште толку. Ова е тест за патување. Затоа чекам, рече еден маж.
  • Долга е редицата, меѓутоа брзо оди, зашто и тестот е едноставен, земањето бриз. Инаку ми треба за патување, вели друга жена.

Сега, 60 пациенти се лекуваат во болницата „ 8 Септември“, а има 10 слободни кревети, а во болницата во Козле , каде се слободни 6 кревети за деца и 4 за возрасни, на третман се 19 деца и исто толку возрасни пациенти.

Сотир Трајков

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе