Финансиската полиција поднесе кривична пријава против директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова. Заедно со сопственикот на В.Е.З. Трејд, Зоран Златковски и уште двајца други, се товарат за злоупотреба на пари од европски фондови, за измама и штета од над 400 илјади евра.
Кривичната доаѓа 20-тина дена по написите на А1-ОН дека фризерница за три години добила 270 илјади евра за едукација од програмата Еразмус плус, спроведувана од Националната агенција со која раководи Димова.
Порталот објави и дека сопственикот на физерницата, на агажирани во проектот, им префрлал пари на траснакциска сметка, па ги барал парите назад во кеш. Неколку дена подоцна тој ја демантираше информацијата, а дека се` било во рамките на законот тврдеше и Димова.
Таа пред медиумите порача дека не планира да си поднесе оставка. Премиерот Заев пак ги повика институциите да ја истражат работата на Агенцијата, и преку владата му предложи на Управниот одбор да ја разреши Димова