Вести Македонија Најважни

Пендаровски смета дека засега нема потреба од вонредна ситуација

Претседателот Стево Пендаровски, запрашан зошто повторно не се прогласи вонредна состојба, објасни зошто во моментот не е потребно такво нешто, односно зошто според него вонредна состојба во моментот, како што рече, не врши работа.

-Претходно прогласивме вонредна состојба, но сега тоа не е потребно бидејќи сеga имаме функционално Собрание. Претходно тоа се направи за да може Владата, наместо Собрането, да носи закони. Не ни е потребна вонредна состојба за да прогласиме полициски час, едното со другото не е поврзано, истакна Пендаровски.

Тој додаде дека и без вонредна состојба, армијата е ангажирана во некои земји, а истото можеме да го сториме и ние.

-Армијата е ангажирана во некои земји. Работат дури и епидемиолошки анкети. Доколку е потребно и јас ќе дозволам ангажирање на војниците, односно армијата да биде логистичка потреба, истакна Пендаровски.

Дека во моментот нема потреба од вонредна состојба истакна и премиерот Зоран Заев.

Во своето обраќање, претседателот рече дека бројката на новозаразени и починати од ковид 19 кај нас е алармантна, но не постојат мерки кои се предложени од СЗО, а да не се преземени кај нас.

„Не сакам да барам оправдување за секој потег на нашите власти кој е преземен во последните осум месеци, меѓутоа во однос на сетот на мерки кои нашите здравствени авторитети ги применуваат, јасно е дека не постојат мерки кој се препорачани од СЗО или се применуваат во некои други држави и даваат позитивни ефекти, а не се применуваат кај нас. Главнината на здравствените мерки е иста, разликата е само во нивото на нивно почитување од страна на граѓаните и нивото на имплементација на законите од страна на државните институции“, изјави Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорѓиевски: Во Скопје ќе бидат поставени 2.600 нови контејнери, градот го враќаме во нормала

Tea Dimkovska

Двајца прилепчани загинаа, еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа на експресниот пат Градско – Прилеп

Tea Dimkovska

(Видео) Повреден сопственик на викендичка откако пожарот повторно се разгоре во Штип

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе