Ковид19 Македонија Најважни

Ден на многу неславни црни корона рекорди во Македонија, 870 заболени, 14 мртви, речиси 8 илјади активни случаи

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени  2 647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 292 пациенити и починати се 14 пациенти.

Tројца починати пациенти од Скопје (51, 60 и 83г), тројца од Куманово (65, 71 и 53г), еден пациент од Дебар (80г), двајца од Прилеп (55 и 56г), еден од Тетово (63г), еден од Велес (65г), еден од Струмица (68г), еден од Радовиш (72г) и еден пациент од Кратово (75г). Сите се починати во болнички услови, соопшти МЗ. Најмладата жртва од денешниот биланс е 51-годишен жител на Скопје.

Процентот на позитивни од тестирани е меѓу највисоките досега и изнесува 32,87% (секој трет тестиран е позотивен), а според веб страницата Covid-19.treker. mk денеска се урнати два црни рекорди, првпат бројот заболени е толку висок и е 220 повисок од досегашниот најтежок биланс (870 заболени пациенти). Се качува и бројот на активни случаи, во моментот изнесува 7963.

Најмногу нови случаи има во Скопје, речиси половина односно 422-ца. Најмногу активни случаи има во главниот град 3828, што исто така е рекорд.

По општини прва е Аеродром со уште еден рекорд, најмногу активни случаи во една општина досега.

Активни случаи по општини, Скопје:

  • Аеродром – 710
  • Карпош – 580
  • Центар – 535
  • Гази Баба – 492
  • Кисела Вода – 467
  • Ѓорче Петров – 324
  • Бутел- 186
  • Чаир – 180
  • Илинден – 66
  • Сопиште – 35
  • Шуто Оризари – 35
  • Сарај – 29
  • Петровец –24
  • Чучер Сандево – 20
  • Студеничани – 14
  • Зелениково -10
  • Арачиново – 8
  • странци – 22
  • 91 нераспределен.

Од новите случаи, по рекордот на Скопје, следи Тетово исто така со нов дневен рекорд од 64 нови случаи, Велес со 38, Битола со 29, Куманово и Прилеп по 28, Охрид со 26, Штип-25,  Дебар и Струга по 10, Кавадарци-9, Гостивар-23, Гевгелија-13, Струмица-55 (нов општински дневен рекорд), Крива Паланка-5, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-20, Ресен-7, Неготино-8.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 12363, активни 3828; Куманово 2189, активни 348; Дебар 331, активни 53; Штип 1597, активни 227; Прилеп 1172, активни 366; Тетово 2030, активни 451; Струга 807, активни 98; Велес 586, активни 212; Битола 606, активни 219; Охрид 658, активни 200; Кавадарци 447, активни 177; Гостивар 1145, активни 165; Гевгелија 345, активни 168 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 52 на Богданци и 12 се странски државјани); Струмица 817, активни 458; Крива Паланка 218, активни 71; Радовиш 217, активни 79; Крушево 23, активни 3; Кочани 661, активни 195; Пробиштип 172, активни 38; Демир Хисар 77, активни 15; Македонски Брод 103, активни 7; Пехчево 57, активни 6; Берово 198, активни 45; Валандово 95, активни 33; Виница 165, активни 55; Делчево 237, активни 106 (54 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица); Кратово 40, активни 11; Свети Николе 462, активни 70; Кичево 514, активни 136; Ресен 235, активни 59 и Неготино 130, активни 64 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Регистрирани се 292 оздравени пациенти, најмногу од Скопје- 142-ца.

Во болнички услови се лекуваат (и државни и приватни клиники) 689 пациенти, што според ковидтрекер е за 3% помалку од вчера.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе